еМагазин
Image default
Бизнис

Добивката на Гранит лани пораснала за 139%

ГД Гранит АД Скопје (Друштвото) за периодот јануари – декември 2021 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните консолидирани финансиски извештаи, информираат од таму преку Македонската берза.

Консолидираните финансиски извештаи за периодот јануари –декември 2021 година ги опфаќаат работењето на следните друштва вклучени во консолидацијата: ГД Гранит АД Скопје – матично друштво, хотел Гранит ДООЕЛ Охрид – 100% поседуван, Карваш ДООЕЛ Скопје – 100% поседуван, Гранмак Виена гмбх – 100% поседуван, Гранмак експорт-импорт гмбх Германија – 100% поседуван, ГД Гранит ДОО Бања Лука БИХ – 100% поседувана и ГД Гранит подружница Бања Лука БИХ – 100% поседувана.

“Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот јануари – декември 2021 година изнесуваат 4.973.730 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020  година бележат зголемување за 12%.

Приходите од продажба за периодот јануари – декември 2021 година изнесуваат 4.713.802 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат зголемување за 15%.

Зголемувањето се должи пред се на фактот дека во оваа година активно се работеше на неколку нови проекти започнати во тековната година.

Финансиските приходи за периодот јануари – декември 2021 година изнесуваат 77.283 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2020 година бележат намaлување за 3%“, велат од компанијата.

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот јануари – декември 2021 година се во износ од 4.832.116 илјади денари,  споредено со истиот период 2020 година бележат зголемување за 10%, велат од компанијата.

“Во периодот јануари – декември 2021 година, Друштвото оствари консолидирана нето добивка во износ од 135.807 илјади денари, што споредено со истиот период 2020 година бележи зголемување за 139%.

Вкупната консолидирана сеопфатна добивка изнесува 624.470 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 489.024 илјади денари, која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во периодот до 31.12.2021 година“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеа лани фирмите во сопственост на Групацијата Гранит

Гранит со зголемена добивка

Гранит со фирма од Куманово и Бугарија склучија договор со Електрани на Северна Македонија вреден 27,7 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Листа на должници на УЈП: Над 4.500 граѓани и фирми должат 163 милиони евра

Редакција

Зделка вредна 10 милиони евра: „Гранит“ ќе го рехабилитира патот Крива Паланка-Деве Баир

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 14,1 милиони денари за три месеци

Редакција