еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Лавров: Нашата воена операција е за да ставиме крај на целосната доминација на САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да ги прекине, како што ги нарекува, воените операции до следната рунда мировни преговори со Украина.

Но, во интервју за новинскиот канал „Русија-24“, тој рече дека не гледа причина разговорите да не продолжат.

-Претседателот (Владимир Путин) постојано нагласува дека претпочитаме преговори, рече тој, пренесува од ТАСС.

Бранејќи ја руската инвазија, Лавров вели дека таа има пошироки импликации надвор од самата Украина, пренесува Би-Би-Си.

-Нашата специјална воена операција е дизајнирана да стави крај на непромисленото проширување на целта на САД за целосна доминација… на меѓународната арена“, изјави Лавров.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисниците на А1 Македонија добиваат неверојатни 100GB мобилен интернет месечно, компанијата го слави вториот роденден

Редакција

Синот на Џафери положил правосуден испит пред да заврши факултет, немаме механизам да го казниме, вели претседателката на Антикорупциска

Редакција

Народна банка: Банките можат да овозможат втор период на одложена отплата на кредитните обврски

Редакција