еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Раководител на смена на граничниот премин Блаце земал мито, ТВ Клан објави снимка

Министерството за внатрешни работи соопшти дека интензивно се работи на расчистување и санкционирање на случај со земање мито од страна на раководител на смена на граничниот премин Блаце.

– Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.

Албанската телевизија Клан во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководителот Шкрета Елхам, зема 120 евра од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Видео: ТВ Клан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

Редакција

Пендаровски спомнува 12, а јас би споменал илјадници луѓе кои биле масакрирани, 300.000 протерани меѓу двете војни, вели Милков

Редакција

На Скопје денеска ќе му се случи #Зелена револуција: Марш за чист воздух, НЕ за загадувањето

Редакција