еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Под нулата во среда и четврток, за Велигден потопло и променливо време

Минусни температури во среда и четврток, а потопло и променливо време за велгденските празници, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринските температури во среда ќе се спуштат до минус три, а во четврток до минус еден степен.

Од петок ќе има затоплување и позитивни утрински температури, а дневните ќе се движат од 18 до 26 степени.

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските подрачја ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

За време на викендот претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи.

Најтопло ќе биде в недела, со минимални температури од 5 до 10 степени и максималните ќе достигнат до 26 степени.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте интересот за кредити за естетска хирургија

Редакција

(Фото) Арбен Таравари злоупотребен како лекар во реклама за слабеење

Редакција

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност: Напредно решение кое нуди највисоко ниво на заштита

Редакција