Веќе седум работни дена, децата не одат на училиште и губат од наставата поради штрајкот на наставниците.
Владата вчера на седница го повика Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) да го прифати покачувањето од 10 проценти, за кои е предвидена алокација на средства од буџетот.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека денеска, Советот на СОНК ќе одлучува за оваа понуда на Владата и ќе се произнесе.
Во меѓувреме, штрајкот продолжува. Следните две недели, следува период на празници и неработни денови, што дополнително ја отежнува ситуацијата со загуби во образовниот процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата го повика СОНК да го прифати покачувањето на платите од 10%
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.