еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави биле примањата на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза, Стопанска банка АД Скопје (СБ), ги објави и примањата и надоместоците на дел од членовите на Надзорниот одбор на Банката.

„Во согласност со најдобрите практики, членовите на Надзорниот одбор се компензираат само со фиксен надомест, одобрен од Собранието на акционери, со цел да се минимизира каков било судир на интереси помеѓу контролата и управувањето со Банката.

Во согласност со Одлуката на Управниот одбор на Национална банка на Грција (НБГ), сите службеници од НБГ С.А. Атина кои учествуваат во Надзорниот одбор на СБ како претставници на акционерите не добиваат “надоместок за членство”.

Информациите за нагрдувањето што го добиваат како вработени во НБГ С.А. Атина се сметаат за доверливи и не може да се објавуваат.

Анастасиос Лизос, претставник на акционерите во Надзорен одбор, кој веќе не е вработен во НБГ Групацијата, добива надоместок за неговата работа на ист начин како што е подолу опишано за независните членови“, стои во извештајот.

Независните членови имаат право на надомест во нето износ од 400 евра на месечна основа за нивно учество во Надзорниот одбор и нето износ од 100 евра (за претседателот) и нето износ од 50 евра (за членовите) по седница за нивно учество во Одборот за наградување.

Членови на Надзорниот одбор се: Маринис Стратопулос, претседател на Надзорниот одбор на СБ, генерален извршен директор на НБГ Кипар ДОО, Христодолу Христодулос, член на Надзорниот одбор на СБ, генерален финансиски директор, Национална банка на Грција С.А. Атина, Димитра Гудуфа, член на Надзорниот одбор на СБ, директор на Секторот за стратегија на Групацијата, Национална банка на Грција С.А. Атина, Јанис Кајулис, член на Надзорниот одбор на СБ, раководител на Секторот за култура на ризик и канцеларија за проектен менаџмент за ризици на Групацијата, Национална банка на Грција С.А. Атина, Владимир Филиповски, независен член на Надзорниот одбор на СБ, професор на Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје, Сашо Ќосев, независен член на Надзорниот одбор на СБ, професор на Економски факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје и Анастасиос Лизос, член на Надзорниот одбор на СБ.

“Проф. Филиповски добива надоместок од 100 евра нето износ на месечна основа за неговото учество во Одборот за ревизија. Врз основа на плата и надоместоци од плата како вработени на Економскиот факултет во рамки на универзитетот Кирил и Методиј – Скопје: – проф. Филиповски примил бруто износ од 1.605.958 денари (годишно), додека пак – проф. Ќосев примил бруто износ од 1.263.258 денари (годишно)“, стои во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави се примањата на членовите на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани

Стопанска банка Скопје ќе дели дивиденда

Колку пари чуваат граѓаните во Стопанска банка Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германската министерка Бербок порача да се смени Уставот за младите да останат овде

Редакција

Извршниот одбор на СДСМ го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Уставниот суд не поведе постапка за Законот за банки иницирана по стечајот на Еуростандард банка

Редакција