еМагазин
Локално

Рибар се лизнал кај карпите меѓу плажите „Горица“ и се удавил во Охридско Езеро

Давеник утрово е пронајден во водите на Охридското Езеро, кај карпите меѓу плажите „Горица 2″ и „Горица 3″.

Според првичните информации, се работи за несреќен случај со трагични последици. Најверојатно се работи за рибар од Охрид кој се лизнал од карпата од која рибарел и се удавил.

Случајот за МИА го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, посочувајќи дека полициски екипи се на местото на незгодата и вршат увид.

Телото на давеникот го забележале случајни минувачи и пријавиле во полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По појавата на салмонела, времено затворени кујните во шест училишта во скопски Карпош

Редакција

Повторно бомба кај прилепското кафуле „Кафе Ин“, Обвинителство ја вештачи

Редакција

Застрелан бизнисменот Чедомир Радомировиќ, непознато дали е убиство или самоубиство

Редакција