еМагазин
Image default
Македонија

Таравари избран за единствен потпретседател на Алијансата за Албанците

Претседателството на Алијанса за Албанците (АА), го одржа првиот состанок, по Вториот конгрес и по седницата на Собранието.

Со новите промени во партиската организација Алијансата за Албанците ќе има само еден потпретседател, а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари.

Останатите партиски тела ќе се избираат на следните седници на претседателството, ќе има само еден потпретседател, а членовите на Претседателството едногласно одлучија за потпретседател да биде избран Арбен Таравари.

На оваа средба беше одлучено конкурсот за кандидати за претседатели на ограноците на АА да биде објавен од 16 до 23 мај.

„Ги охрабруваме секој кој верува дека ги има соодветните вештини и визија да ги води локалните ограноци на АА, да се пријави и да стане дел од натпреварот“, рече претседателот на АА, Зијадин Села на прес-конференцијата по состанокот.

МИА/Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски по средбата со Мицкоски: Ќе се разгледаат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Зеќирија Ибрахими нов претседател на Алтернатива

Редакција

Минатата недела најголем раст на заболени со Ковид-19 има кај децата до 9 години

Редакција