еМагазин
Image default
Македонија

Левица бара собраниската Комисија за деловнички прашања да му изрече суспензија на Џафери

Од објавувањето на аудиоснимката на која се слуша претседателот на Собранието, Талат Џафери, како им вика и со најпогрдни пцости ги малтретира и омаловажува вработените во Собранието, изминаа два дена, а Џафери сѐ уште молчи надевајќи се дека настанот ќе се заборави за некој ден, велат од Левица.

„Остро го осудуваме ваквото однесување кон државните службеници и сметаме дека е недозволиво пратеникот Талат Џафери да продолжи на функцијата претседател на Собранието, којашто дополнително нашиот Устав ја третира и како заменик претседател на Република Македонија.

Согласно Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија од 11 јуни 2018 година и измените од 28 јануари 2019 година, најмалку што очекуваме е дека, во најкраток временски рок, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе изрече јавна опомена и суспензија на пратеникот Талат Џафери, како и забрана да претседава со Собранието во траење од еден месец.

Од приложената снимка, се гледа дека самиот Талат Џафери ја потврдува основаноста на настанатите тешки повреди од членот 14 на Кодексот, каде на вработените во Собранието им врши притисок за време на извршувањето на нивните работни задачи користејќи зборови и изрази со кои ги омаловажува и го навредува нивното достоинство„, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни срам, ни извинување од Џафери

(Аудио) Објавена снимка во која Џафери вика и пцуе по вработени во Собрание, ВМРО ДПМНЕ бара оставка

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Правото на глас може да го искористат 1.814.317 граѓани

Редакција

Боки 13 во Обвинителството за да заврши со поднесувањето кривични пријави против функционери и бизнисмени

Редакција

Кинеските работници покасно ќе се вратат во државата и претходно ќе бидат во карантин

Редакција