еМагазин
Image default
Македонија

Горан Мисовски e единствен кандидат за нов претседател на НСДП

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски, информираа од партијата.

“Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки“, соопштија од партијата.

Актуелен претседател на партијата е Тито Петковски, а Петтиот конгрес на НСДП ќе се одржи на 4 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Горан Мисовски, кандидатот за нов претседател на НСДП

Фото: Фејсбук/Мисовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара кривично да се гони Висар Ганиу, градоначалникот на Чаир

Редакција

Убава вест: Оздравени 534 болни од Ковид-19

Редакција

Локалните власти во Грција немале ентузијазам за менување на таблите со „Скопиа„, вели Османи

Редакција