еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Авиокомпаниите задолжително ќе ги осигуруваат багажот и пратките

Авионските компании ќе бидат задолжени со закон да го осигураат багажот на патниците и стварите кои ги пренесуваат, информираат од Министерство за финансии.

Со измените на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, кои ги изготви Министерството за финансии, се утврдуваат права за надомест на штета на сопствениците на багажот и на пратките.

„Законските измени уредуваат и обврска за задолжително осигурување на дел од воздухопловите без екипаж – дронови. Со законот се опфаќаат дронови над пет килограми. На овој начин се заштитуваат граѓаните, доколку се предизвика материјална штета од управување со дронот.

Со овие измени се врши усогласување на Законот со европските регулативи од областа на цивилното воздухопловство.

Измените на Законот се ставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија – ЕНЕР, на кој сите засегнати страни можат да оставаат предлози и коментари. Министерството за финансии ќе ги земе предвид и внимателно ќе ги разгледа сите сугестии пред пуштање во владина процедура“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 63.174 денари убедливо на врвот

Редакција

Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

Редакција

Чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а братучед ми е школуван 20 години надвор од државата, вели Николовски

Редакција