еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

САД предлагаат ЕУ да воведе царини за испораките на нафта од Русија

Претставници на американското Министерство за финансии изјавија дека на состанокот на министрите за финансии на Г7 што почнува утре во Бон ќе предложат земјите од ЕУ да воведат царини за испораките на нафта од Русија како побрза остварлива алтернатива на идејата за целосно ембарго на руската нафта.

Според американските власти, царинскиот механизам ќе го задржи присуството на руската нафта на пазарот, но ќе ги ограничи приходите на Русија од извозот. Тие сметаат дека ваквата мерка би имала побрз ефект од планираната забрана за увоз на нафта од Русија во ЕУ во 2023 година.

Членките на ЕУ сè уште не постигнаа договор за шестиот пакет санкции против Русија, вклучително и нацрт ембаргото за нафта: Европската комисија (ЕК) предложи забрана за увоз на сурова нафта од Русија шест месеци по стапувањето во сила на шестиот пакет. Во исто време, Европската комисија предложи да им се дозволи на Унгарија и Словачка да купуваат руска нафта до крајот на 2024 година.

Како што пренесува Бгнес, според добро упатени извори, Европската комисија веќе морала да ублажи голем број од своите предлози за времето, параметрите и можните исклучоци од ембаргото за нафта. Унгарија се противи на ембаргото за нафта, и е поддржана од голем број други земји, кои велат дека штетата од мерката би била катастрофална за Европа.

МИА/Фото: Унсплаш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР со уште една вербална нота за бугарскиот пратеник Костадинов, кој изјави дека „Македонија е бугарска“

Редакција

Само во Македонија: Украден златен накит од починат пациент на штипското Инфективно одделение

Редакција

Ахмети смета дека БЕСА нема да ја напушти Владата

Редакција