еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) „Макпетрол“: Повторно лажна наградна игра

Интернет-страници кои што од корисниците бараат да препратат порака на пет онлајн-групи во кои што членуваат или на 20 свои пријатели, лажно тврдат дека е во прашање наградна игра на „Макпетрол“.

Компанијата категорично ги негира овие тврдења, нагласува дека се работи за лажни вебсајтови и од граѓаните бара да не препраќаат пораки ниту во онлајн-групите во кои што членуваат, ниту на своите пријатели.

Во лажните пораки се наведува дека споделувањето носи награда од 10.000 денари, што е целосно неточно.

„Макпетрол“ повторно укажува дека е во прашање компјутерска измама која што може да ја загрози безбедноста на корисниците, нивните електронски уреди, лични податоци, но и тие на кои што пораките евентуално би биле препратени.

– Единствени официјални и активни интернет-страници на компанијата се www.makpetrol.com.mk и www.verna.mk. „Макпетрол Ultra“ е официјален профил на Facebook.

Традиционално, „Макпетрол“ секоја година ја организира ВЕРНА наградната игра и таа се одвива според сите законски нормативи и процедури.

Подвлекуваме дека граѓаните треба да бидат особено внимателни, бидејќи сите пораки кои наликуваат на наведените веб-страници се лажни и на никој начин не се поврзани со „Макпетрол“, истакнуваат од компанијата.

Наведената лажна наградна игра е пријавена кај надлежните институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кое е значението на празникот Цветници

Редакција

(Галерија) Градски парк полн, езерцето празно

Редакција

Минусни температури во поголем дел од земјава, денеска ќе биде облачно и студено

Редакција