еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска сончево со слаб ветер и пониски температури

Времето во земјава денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Поради разведрувањето утринските температури ќе бидат ниски за овој период од годината.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно време, во петок со пониски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат значително повисоки. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе има во недела.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска облачно, попладне дожд, грмежи и ветер

Редакција

Професор Трајковски: Моменталната прележаност од Ковид-19 е 29,8%, ако се вакцинираат барем 1,1 милион жители, можеме сосема да спречиме нов бран

Редакција

Се поголем број на девојчиња се вакцинираат против ХПВ со што се превенира рак на грло на матка

Редакција