еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Сапунот „Фамилијарно пакување“ од македонската фирма ФЕДОР со Брајова азбука

Сапунот „Фамилијарно пакување” од ФЕДОР е првиот козметички производ во Македонија со натпис со Брајова азбука за помош на луѓето со оштетен вид.

„ФЕДОР е фирма за природна козметика, мала, но сепак голема компанија која прва во Македонија во април годинава почнаа со производство на сапуни испечатени и со Брајова азбука за слепите лица. Се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите домашни компании и со тоа ќе направат огромен придонес во секојдневието на слепите лица во Македонија“, вели Николина Трајковска од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.

ФЕДОР во јануари го регистрираше и пушти во продажба сапунот „Фамилијарно пакување”, првиот не-медицински продукт во Македонија со натпис со Брајова азбука.

„Отсекогаш сметавме дека е неправедно што лицата со оштетен вид се особено хендикепирани во препознавањето на производите од делот на козметиката и храната. Големите компании произведуваат продукти во делот на медицината со Брајова азбука затоа што законот ги обврзува на тоа. Сметавме дека ФЕДОР како мала но, општествено одговорна компанија треба да започне тренд кој се надеваме ќе ги мотивира поголемите и компании во Македонија од сите бранши да ги печатат пакувањата на своите производи и со Брајова азбука. Се радуваме што тој тренд е препознаен и веќе е почнато со производство на такви продукти. Тоа е најмалку што можеме сите ние да го направиме за лицата со оштетен вид. Во иднина ќе го направиме тоа со сите наши продукти“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е потребно за влез во Хрватска: Бидете подготвени на подолго задржување на граница, поради проверка на ковид-сертификатите

Редакција

Од следната недела нов топлотен бран

Редакција

(ВИДЕО) Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Редакција