еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

САД го одбија предлогот на Путин за укинување на санкциите кон Русија

САД синоќа го одбија предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за укинување на економските санкции во замена за деблокада на црноморските пристаништа за извоз на украинското жито.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер синоќа изјави дека за неизвезувањето на украинското жито заслужна е руската блокада, а не санкциите кон Москва.

– Нема разговори. За ова е виновна Русија … Русија под итно треба да ја запре војната со Украина, што влијае врз глобалната безбедност на храната, истакна Жан-Пјер.

Путин во вчерашниот телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека Русија ќе ги пушти бродовите кои транспортираат житарки и вештачко ѓубриво, за да се ублажи прехранбената криза, но само „под услов да се укинат политички мотивираните ограничувања наметнати од Западот“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека ќе се дозволи извоз од Украина само ако се укинат санкциите кон Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Ќе ја решиме меѓународната криза со храна, ако Западот ги укине санкциите

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе го ограничи извозот на јајца

Редакција

Национален рекорд: На 100 илјади жители 247,4 заболени од коронавирусот во Куманово

Редакција

Ескобар: Отворен Балкан не е политички, туку важен економски проект

Редакција