еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реотворена македонската Амбасада во Украина

Слободата на Македонија и секоја друга европска земја денес се брани во Украина и Украина ја заслужува сета почит помош и поддршка поради тоа, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи по денешната средба во Киев со неговиот украински колега Дмитро Кулеба, додавајќи дека нашата држава од почеток се приклучи кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација, информираат од Министерството за надворешни работи.

Централна тема на разговорите на оваа втора средба на Османи и Кутлеба во само неколку недели, била руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко.

– Соговорниците се сложија дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност, се додава во соопштението.

Османи и Кутлеба разговарале и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика.

За време на својата посета во Киев, министерот Османи ја реотвори Амбасадата на Македонија во Украина со што таа е ставена во полна функција.

– Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава, изјави Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Османи од украинскиот град Ирпињ: Градот е жив доказ дека руската агресија над Украина претставува тешко кршење на меѓународното право

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во дворот на претседателската резиденција во Тирана се виеше оро на песната „Бисер балкански“

Редакција

Ивор Мицковски за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР: Спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза

Редакција

За три дена од Ковид-19 починале две лица, дополнително пријавени уште три

Редакција