еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Победниците на Евровизија го продадоа евровизискиот трофеј за да соберат пари за украинската армија

Украинската група „Калуш оркестар“ што победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија го продаде освоениот трофеј за 900 илјади долари, а средствата ги намени за одбрана на Украина.

Кристалниот микрофон освоен во Торино е продаден на аукција преку Фејсбук, со цел да се купат дронови за украинската армија, јави „Би-Би-Си“.

Продажбата се совпадна со настапот на групата на хуманитарен концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин, наменет за собирање пари за медицинска нега и опрема.

Во своето обраќање пред присутните на концертот Олег Псијук од „Калуш оркестар“ ги повика луѓето да не се навикнуваат на војната во која, според податоците на ОН, загинаа најмалку 4.031 цивили, а 4.735 се ранети, додека бројот на загинати војници не е познат.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари досега земјата ја напуштија повеќе од 14 милиони луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Очекувана победа на Украина на Евровизија, кои се останатите земји во Топ 5

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев и Филипче со синовите на мотори се дружеа на Беласица

Редакција

Успешна 2023 година за НЛБ Банка: Силна финансиска поддршка за населението и стопанството, придонес во заедницата и одржливо работење

Редакција

МВР склучи договор со „Даути комерц“ вреден 700 илјади евра

Редакција