еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Условна казна затвор за случајот битолска „Јавна соба“: Во најтешките моменти на жртвата сите и свртеа грб

Денес го добив предметот за битолската „Јавна соба”. Жена беше изложена на срам со јавно објавување на интимни фотографии, за кои преживеа голгота, а наместо овој чин да се осуди, беше предмет на јавен потсмев.

Ова го пишува адвокатката Катерина Котеска на нејзиниот Фејсбук-профил.

„Обвинетиот ќе биде казнет ,а жртвата – жена ќе добие отштета. Горда сум што еден ваков случај кој го водев по чл.152, став 2 и чл.144, став 1, го добив во кариерата, особено што во најтешките моменти на жртвата сите и свртеа грб и кога никој не сакаше да се нафати да и помогне.

Особено горчина во душата ми остана кога вешто лице – жена не сакаше да вештачи, а најдобрата другарка – жена и го сврте грбот и не сакаше да сведочи.

Драга моја, победивме! Докажавме дека никој не смее да ја злоупотребува довербата на никој, дека една ваква злоупотреба на доверба не е причина за пуштање скриншотови во инбокс и пишување по „шестопарачни“ портали, туку е нешто што уништува животи.

Никој не смее да објавува ништо пратено во доверба! Сите што ќе се обидат, ќе бидат казнети! Ти се воодушевувам на истрајноста што издржа до крај. Јас дадов се од себе. Правдата е секогаш на вистинската страна со вистинската подршка. Да не се повторува“ напиша Котеска.

Обвинетиот доби, условна казна од една година затвор.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија ќе се приклучи кон интерконекторот за гас Македонија-Грција

Редакција

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Редакција

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле: Заболени од корона вирусот 8 медицински лица и 2 пациенти

Редакција