еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев бара Бугарите во Македонија да не бидат малцинство, туку народ: Нема време да се крене ветото

Бугарскиот претседател Румен Радев, за време на неговата посета на Рига, Летонија, оцени дека нема време Бугарија да го крене ветото за Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

„Во моментов нема време да се укине ветото, бидејќи протоколот мора да биде усвоен од двата парламента, рече Радев.

Француските предлози за решавање на спорот ги нарече како „најдобри досега“, не само за Бугарија, туку и „најправедни“.

Во врска со промената на македонскиот Устав и внесувањето на македонските Бугари, посочи дека во Бугарија никогаш не зборувале за малцинство, туку за рамноправност на македонските Бугари, која ја заслужувале.

-Прво да се смени уставот, па дури потоа да почнат преговорите, рече Радев.

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Сашо Симјановски, кој по предлог на Владата влезе во Одборот на директори на Македонски Телеком

Редакција

Земјите од ЕУ постигнаа првичен договор за нови санкции против Русија

Редакција

(Видео) „Зимата ќе биде долга, мрачна и со снег“: Гаспром со видео ја „плаши“ Европа и порачува – нема гас

Редакција