еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Претседателот Стево Пендаровски за емисијата 24 анализа на ТВ 24, информираше дека на завчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Бугарија излегла со пет нови барања за измени во францускиот предлог.

Едното е тоа што бугарската страна барала од францускиот предлог да се избрише зборот „автоматизам“ во делот каде е наведено дека по внесувањето на Бугарите во Уставот по автоматизам ќе се почне со меѓувладината седница за отворање на преговорите.

Друго бугарско барање, кое за Пендаровски е неприфатливо, е и тоа што во делот на јазикот, Бугарија инсистирала дека не се доволни унилатерални изјави на двете страни и барала нејзиното толкување за македонскиот јазик да добие еднаква правна сила во преговарачката рамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА: Пендаровски до Бугарската православна црква

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР уште во 2012 поднела кривична за тогашниот директор на Онкологија, Обвинителството не презело ништо, изјави Спасовски

Редакција

Петков не кажува кога Бугарија ќе го тргне ветото, требало да работиме заедно

Редакција

Димитров вели оти Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ, Османи му порача да се занимава со историја, а не со политика

Редакција