еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски: За францускиот предлог е преговарано многу порано

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не верува дека премиерот Димитар Ковачевски во Брисел ќе каже „не“ на францускиот предлог бидејќи, како што рече, СДСМ и Владата биле запознаени со предлогот многу порано.

– Да не се лажеме дека предлогот не е претходно договорен. Овој предлог не можел да дојде до овде, до каде што е, доколку претходно не е преговарано за него, рече Мицкоски на гостување на телевизија Алфа.

Според него, францускиот предлог не значи почеток на преговорите за земјава, туку следуваат други исполнувања на државата во однос на бугарските барања.

– Оваа преговарачка рамка што ни се нуди и која е дел од овој предлог, не е почеток на преговорите и тоа треба да им е јасно на граѓаните. Ова е почеток на преговорите за Албанија која нема вакви хегемонистички и идентитетски услови што треба да ги исполни.

Ние не можеме да отвориме поглавја со овој предлог, бидејќи треба дополнителни услови да исполниме, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски за францускиот предлог: Еве кои елементи од него се клучни, за да биде прифатлив за нас

Цар Самоил станува „бугарски“: БГНЕС го објави целиот нацрт-текст на францускиот предлог

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Врховен ги потврди казните на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Редакција

Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

Редакција