Дописничката на државната агенција МИА од Брисел, Тања Милевска, на Твитер објави видео од денешниот прес брифинг на Европската комисија (ЕК) на кој ја прашува заменичката портпаролка на ЕК, Дана Спинант дали вчерашната изјава за почитување на македонскиот јазик од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во македонското Собрание значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во одговорот Спинант кажа дека Фон дер Лајен зборувала за „јазикот на луѓето во Република Северна Македонија“, која таа го нарекла македонски.
На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант вели дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен и ја повторува фразата “јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.
— Tanja M 🇲🇰 (@MilevskaTanja) July 15, 2022
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!
Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот
Фото: МИА