еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Што пишува во едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик

Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик, тој треба да стане еден од службените јазици на Европската Унија, се наведува во едностраната изјава на Македонија, која ќе биде приложена кон записникот од првата политичка Меѓувладина конференција.

Иста такава изјава за македонскиот јазик приложи и Бугарија.

Во продолжение ја објавуваме интегрално:

„Како што е прoпишано во Уставот на РС Македонија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е службен јазик на РС Македонија на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи.

Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет.

Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна РС Македонија.

Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ.

Македонскиот јазик беше признаен од Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година.

Македонскиот јазик се изучува на многу катедри за славистика и лекторати на факултети и универзитети низ Европа и светот. Неговата долга говорна и писмена традиција е неоспорен факт во лингвистичката наука. Литературата напишана на македонски јазик е добитник на меѓународни награди и признанија.

При склучувањето на било какви договори, спогодби и документи на РС Македонија со Европската унија кои содржат јазична одредба со поименично наведување на сите официјални јазици на ЕУ, како што е договорот за соработка со Фронтекс, истите треба да се потпишат со поименично наведување на македонскиот јазик без било какви објаснувања, додавки или фусноти.

Во текот на преговорите за пристапување се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на РС Македонија во ЕУ и по приемот во полноправно членство во ЕУ, С Македонија нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка.

Со приемот на С Македонија во полноправно членство во ЕУ, македонскиот јазик треба да стане еден од службените јазици на ЕУ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катица Ќулавкова: Со едностраната изјава за македонскиот јазик се откажуваме од македонските дијалекти во соседните држави

Бугарија со декларација пред Првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ кажа дека нема македонски јазик

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

Редакција

Ќе им се суди на Вељаноски, Јанакиески, Ристовски: Почнува судењето за организаторите на „27 април”

Редакција

Превентивно се повлекуваат „киндер“ производи – тој што купил, да не ги јаде, туку да ги врати

Редакција