еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поднесено обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот

Oсновното јавно обвинителство Скопје соопшти дека денеска поднело обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот.

– По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на ОЈО – Скопје.

Како што се наведува во соопштението, согласно актот обвинетите се товарат дека на 7 април пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрвин настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се додава во соопштението.

Од скопското ОЈО информираат и дека надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата обвинети, бидејќи се уште постојат околностите поради кои таа мерка им беше определена во текот на истрагата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Се сретнаа пред Кривичен: Боки13 и рече на Русковска дека лаже

Редакција

Нови 734 случаи на Ковид-19 од 3.246 тестирања

Редакција

Колкави надоместоци добил менаџментот на ТТК Банка лани

Редакција