еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: За разлика од претходните бранови вирусот е помалку преносилив, најверојатно поради солидниот хибриден имунитет

Дури ни удвојувањето на дневниот број на тестирања последниве два дена не помогна во намалувањето на стапката на позитивни тестови, пишува проф. Дејан Трајковски во неговата ковид-анализа.

„Напротив, на 21 јули се соборени два рекорди на епидемијата во Македонија, за дневната стапка на позитивни тестови (48,31%) и за нејзината седумдневна подвижна средина (40,35%), на дијаграмот на првата слика. Во Битола, Куманово и Тетово е неверојатно, со 75% позитивни тестови.


Но, овие абнормално високи проценти не кажуваат дека толкав процент од населението е заразен, туку само дека бројот на тестирања е премал.

Инаку, доколку 50% од популацијата би била заразена, при сегашната вредност на ефективниот репродукциски број Rt од околу 1,27 (со седумдневно усреднување, на дијаграмот на втората слика), после само еден до два сериски интервали од 2 дена би биле заразени и преостанатите 50% од популацијата и епидемијата би згаснала самата од себе.

Вака, изгледа дека се тестираат само тие со симптоми или тие коишто сакаат да добијат боледување.

Од истиот дијаграм на втората слика се гледа дека ефективниот репродукциски број Rt не расте, па дури започна и да се намалува, што значи дека сме во горната половина од бранот на дневните броеви на нови случаи.

Тие ќе продолжат да се зголемуваат уште можеби 2 недели, но не би требало да искачат многу над над 1.000 случаи дневно, евентуално до околу 1.200 случаи.

Интересно е што врвот на дијаграмот на Rt не е многу шилест, за разлика од претходните бранови, односно тој е разлеан поради помалата преносливост на вирусот, најверојатно поради солидниот хибриден имунитет.

Инаку, претходно докажавме дека само едно прележување или само редовната серија од две дози вакцини не дава заштита од прележување. За жал, без дополнителни истражувања, пред се на антителата во крвта, нема начин да утврдиме колкав е уделот на населението со хибриден имунитет, но судејќи според нискиот Rt, голем процент од населението поседува хибриден имунитет.

Да се потсетиме, за разлика од обичниот вакцинален и имунитетот од едно прележување, кога антителата се губат после просечно 5 месеци, кај хибридниот имунитет моделските истражувања покажале дека со 50% веројатност антителата би требало да се задржат околу 17 месеци.

Од истите причини (нискиот Rt) врвот на бранот на дневниот број на случаи исто така не би требало да биде многу шилест, туку заоблен, со извесно плато на врвот.

Тоа е така затоа што поради релативно ниската преносливост (високата стапка на хибриден колективен имунитет) вирусот не наоѓа лесно нови чувствителни лица, па процесот на заразување и имунизирање со прележување на популацијата трае малку подолго.

Во врска со леталитетот, веќе ги имаме првите проценки за неговата вредност во овој бран, бранот на БА5 потсојот на омикрон сојот. Изненадувачки, но леталитетот во Македонија изнесува околу 0,5% (на дијаграмот на четвртата слика), што е речиси 3 пати помалку дури и од леталитетот на потсоевите БА1 и БА2.

Истиот процент го даваат и во Русија, каде опфатот со вакцинација е сличен со нашиот.

Стапката на хоспитализираност е минимално поткрената во однос на претходните недели, на околу 1,8%, но таа се уште е далеку пониска од некогашниот просек од 11%.

Значи, останува во сила прогнозата дека дневниот морталитет не би требало да надмине 10 починати, односно во просек околу 5-6 дневно, што би се случило на врвот на морталитетот после околу еден месец од денеска.

 

Помалиот леталитет се компензира со поголемиот број на заразени, така што доаѓаме до истиот морталитет (проекција со црвена боја на дијаграмот на петтата слика).

Колективниот имунитет стекнат во овој бран би требало да држи барем 5 месеци, така што есенското избувнување не би требало да се случи пред ноември – освен доколку новиот потсој БА2.75 „Кентаур“ не не изненади со заобиколување на имунитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски: Проливот, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со омикрон БA-5

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

36-годишна жена од Скопје пронајдена мртва во куќа во Гевгелија

Редакција

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Редакција

УНЕСКО препорача Охрид да биде ставен на листата загрозени светски наследства и бара мораторум на градењето

Редакција