еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Виз ер: Рутите до Барселона и Лондон ќе ги има само на лето, такви се барањата на пазарот

Вообичаена пракса во авионската индустрија е фреквенциите на летовите да се менуваат според патните периоди и перформансите на рутите, соопштуваат од компанијата.

„Wizz Air постојано ги следи перформансите на своите рути за да овозможи најпопуларните дестинации да имаат најниски цени. Рутите од Скопје до Ваксјо и Барселона како и од Охрид до Лондон Лутон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона. Наскоро, авиокомпанијата ќе го објави летниот распоред за 2019 година и патниците ќе можат веќе да ги планираат своите патувања и да ги резервираат своите карти на WIZZ рутите од Македонија“, велат од таму.

Од Wizz Air додаваат дека „компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја.“

„Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година.

Wizz Air ја нагласува својата посветеност на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид.

Wizz Air во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година. Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиони од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што Ви е потребно за влез во Австрија

Редакција

Фич го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ со стабилен изглед

Редакција

Со законски измени ќе се овозможи регистрација на 550 лица без документи

Редакција