еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Над 30% од семејствата во земјава се брачни парови без деца

Во земјава има вкупно 538.348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26 илјади семејства или 4,9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над девет илјади семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години

Над десет проценти или околу 58 илјади семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468.336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103.237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531.987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 168 пациенти од Ковид-19, од Скопје 110

Редакција

80,3% од починатите од Ковид-19 во Македонија се со претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција

Собрани еден милион евра за настраданите подрачја во Турција и Сирија

Редакција