еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

37-годишен маж од Валандово пронајден починат во зграда во изградба

Во полицијата синоќа околу 19:30 часот било пријавено дека во подрумски простории во зграда во изградба на улица „Маршал Тито“ во Валандово бил пронајден починат Д.М.(37).

Според информацијата од СВР Струмица, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Од првичните информации на телото на починатиот немало траги на насилство, а најверојатно причина за смртта е пад од повисок дел на зградата во изградба.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по извршената обдукција ќе се знаат причините смртта на валандовчанецот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Ќе се вакцинира и Меркел: Со вакцината на “АстраЗенека“ се вакцинираа британскиот, францускиот и словенскиот премиер

Редакција

(Фото) Николовски се венчаше во манастирот Св.Јоаким Осоговски

Редакција

Грчката авиокоманија „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје

Редакција