Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја откажа посретата на општина Маврово-Ростише, поради појава на симптоми на Ковид-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.
-Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во општина Маврово- Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од Ковид 19 на претседателот на партијата, Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за Ковид-19.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.