еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нови 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 656 тестови, а регистрирани се 89 случаи, од кои 26 се реинфекции.

Пријавено е едно починато лице, а оздравени се 125 пациенти.

Во моментов активни се 689 случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Од новите случаи, од Скопје се 44, Прилеп – 7, Битола и Велес – по 6, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Ресен – 3, Штип, Кичево, Гевгелија и Крива Паланка – по 2, Струмица, Кочани и Струга – по 1.

Од вкупниот број оздравени лица, 82 се од Скопје, Битола – 8, Куманово и Велес – по 6, Кавадарци – 4, Неготино и Берово – по 3, Прилеп, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Тетово, Гостивар, Штип, Кратово и Крушево – по 1.

Починатото лице е од Струмица на возраст од 71 година, починат во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 342.075, бројот на оздравени пациенти е 331.865, а на починати е 9.521.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство бара притвор за тројца браќа кои се под истрага за обид за убиство на полицаецот во Велес

Редакција

Потпис на договорот на Македонија со Фајзер се уште нема, компанијата има нови барања

Редакција

Директорот на судска медицина Александар Станков, контра бугарските обвинители: Видов 44 целосни тела и делови од 45 тело

Редакција