еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео+Фото) Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на кралицата Елизабета Втора

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество кралицата Елизабета Втора.

По службата, како што информира неговиот кабинет, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на кралицата, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес.

Фото/видео: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа осум лица, вкупно до сега 7.740

Редакција

Нашата европска интеграција е заложник на Бугарија и на зборување за историја, што гледам дека сите земји од ЕУ го одобруваат, вели Ковачевски

Редакција

Убава вест: 843 пациенти оздравени од Ковид-19

Редакција