еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 31 загинати: Крвави протести во Иран по убиство на девојка која неправилно носела хиџаб

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 31 лице.

Иранската револуционерна гарда денеска го повика државното судство да ги осуди оние „кои шират лажни вести и гласини“ за 22-годишната Махса Амини.

„Побаравме од судството да ги идентификува оние кои шират лажни вести и гласини на социјалните мрежи, како и оние на улиците кои ја загрозуваат психолошката безбедност на општеството, на кои треба одлучно да се дејствува“, соопшти гардата, а изрази и сочувство до семејството на Амини.

Демонстранти во Техеран и во други ирански градови денеска запалија полициски станици и возила.

Причината за немирите низ Иран е смртта на Амини, убиена од полицијата затоа што неправилно носела хиџаб, јавија дел од локалните медиуми.

Протестите започнаа откако девојката беше приведена од полицијата за морал, потоа претепана бидејќи, наводно, хиџабот не го носела правилно. Амини падна во кома, а потоа почина.

Убиството на Амини го осудија Обединетите Нации, Европската унија, САД.

Полицијата одби да ѝ покаже на јавноста снимен материјал од комбито каде девојката е претепана. Оттаму наведуваат дека таа починала од срцев удар, иако семејството нагласи оти Амини била здрава.

Во знак на протест, жените во Иран јавно го тргаат и го палат својот хиџаб.

МИА/фото/видео: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа осум лица од Ковид-19, вкупно до сега 2.622

Редакција

Поднесено обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на спомениците од Скопје 2014

Редакција

Бајден: Кога ќе заврши броењето ќе нѐ прогласат за победници, Ве молам останете смирени

Редакција