еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Путин потпиша нов закон со кој се предвидува 10 години затвор за оние кои ќе одбијат да се борат

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов закон, кој предвидува затворска казна до 10 години затвор за тие што ќе одбијат да се борат, дезертираат, не почитуваат наредби или се предадат на украинските сили.

Законот претходно беше одобрен од руските Домови на Парламентот. Според стариот закон, војниците дезертери се соочуваа со петгодишна казна затвор.

По објавената мобилизација голем број Руси ја напуштија земјата, а исто така во повеќе градови беа организирани протести.

Според активистите за граѓански права денеска во Русија се приведени неколку лица за време на новите протести како одговор на мобилизацијата на армиските резервистите да се борат во Украина.

Според фотографии и видеата објавени од независни медиуми демонстранти се приведени во Хабаровск, Новосибирск, Иркутск, Томск и Чита во Сибир. Демонстрантите носеле транспаренти на кои пишувало „Ние не сме месо”.

За денеска се планирани протести и во Москва и во Санкт Петербург.

На првите протести што се одржаа на 21 септември, истиот ден од прогласувањето на мобилизацијата, според порталот за граѓански права ОВД-Инфо, приведени се повеќе од 1.300 лица, вчера на протестите беа приведени 750 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачко видео) Полицијата брутално тепа демонстранти против мобилизацијата во Русија, уапсени 730 лица

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шведска потпиша барање за влез во НАТО

Редакција

Во Албанија задолжителна вакцинација и за администрацијата, полицијата, фармацевтските работници

Редакција

Невидена трагедија: По самоубиството на 25-годишното момче во Штип, животот си го одзеде и 22-годишна девојка, наводно биле во врска

Редакција