еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Русите чекаат 48 часа да влезат во Грузија, опозицијата бара затворање на границите и воведување визи

На границата меѓу Русија и Грузија се создаваат долги редици сообраќај низ планинскиот премин, објави „Си-ен-ен” додавајќи дека луѓе чекаат и до 48 часа за да влезат во Грузија.

Редици се насобраа на Верхни Ларс од Северна Осетија кон Грузија и на други гранични премини, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела воведе делумна мобилизација.

На видеа може да се види како семејства и само машки лица чекаат да го поминат граничниот премин. Луѓе се доближуваат до преминот и пеш, влечејќи куфери.

– Среде ненадејниот прилив ја притискавме владата да воведе визи или да ги затвори границите, изјави за „Си-ен-ен” опозициската политичарка во Грузија, Нона Мамулашвили.

Засега, според „Си-ен-ен”, границата сè уште е отворена.

МИА/Видео/фото: NEXTA TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатиот јули историски најтопол досега

Редакција

Да не се менува даночната политика, а важните економски закони да се носат во консултација со бизнисот, апелираат од Стопанска комора

Редакција

Општина Гази Баба не уплатила 950.000 евра во Буџетот од отуѓување и закуп на државно градежно земјиште, откри државна ревизија

Редакција