еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е компанијата КМГ ЕОЛ Квазар од аферата „Броило“ на ВМРО-ДПМНЕ

Компанијата КМГ ЕОЛ Квазар, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ е основната во 2007 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обелодени афера „Броило“: „Ковачевски преку кумот и семејни врски, вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“

Станува збор за компанија-мајка на Пиксел груп, која се спомнува во истата афера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Пиксел груп, која се спомнува во аферата „Броило“, која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ

Важи за пионер во областа на фотоволтаичните системи и енергетската ефикасност.

Во моментов, според информации од Пиксел груп, има повеќе од 70 вработени и неколку фирми подизведувачи и има вкупна реализација за период 2010-2021 година од 1.291.668.742 денари или околу 21.002.744 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што велат од Пиксел груп за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ

Што велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков обелодени афера „Броило“ во која според партијата „фирми основани од премиерот Димитар Ковачевски и негови семејни врски вртат милионски суми во енергетскиот бизнис“.

Тој на прес-конференција ја прикажа шемата на, како што рече „злосторничко здружување во соларен картел.“

„Пиксел груп – фирма основа од Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, заедно со фирмата КМГ ЕОЛ Квазар, фирма само на кумот Паунов, се вмешани во бизниси во вредност од 26 милиони евра.

Во соларниот картел, Ковачевски и неговиот кум Паунов, по основањето на Пиксел груп, во 2018 година градат фабрика за производство на фотоволтаични панели во Кочани.

Фирмата станува централна во бизнисот, околу која се вртат 26 милиони евра.

Аферата „Броило“ е шема која покажува како преку Пиксел груп и фирмата КМГ ЕОЛ Квазар соларниот картел ги свртеле парите.

Само од државни тендери во изминативе неколку години овие фирми инкасирале 1.8 милиони евра“, рече тој

Фото: Фејсбук/Пиксел груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се бара 85-годишниот Томе, лице со деменција исчезнат од Тафталиџе

Редакција

Убиецот Игор Спасов е екстрадиран од Бугарија во Македонија

Редакција

Нови 908 случаи на Ковид-19 од 3.616 тестирања

Редакција