еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Зеќири и Рашковски, двајца генерални секретари на Владата на обвинителна клупа

Дури двајца, сега веќе поранешни генерални секретари на Владата, кадри на СДСМ, завршија на обвинителна клупа.

Вчера Јавното обвинителство соопшти дека е поднесено обвинение и против Мухамед Зеќири, а на Драги Рашковски веќе му се суди во предметот „Софтвери“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинение за Мухамед Зеќири: Го оштетил Буџетот за околу 1,5 милион евра, кои завршиле во приватни фирми

За што е обвинет Зеќири?

Според описот во Обвинителниот акт, Зеќири се товари дека сторил продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.3 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, за кого е поднесено обвинение

Обвинетиот како службено лице – генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Тој, во периодот од месец април 2021 година до месец март 2022 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување постапил спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и во два наврати, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка во која на конкурентен начин би се одбрало правно лице за спроведување на потребните активности, склучил два договора со две правни лица како даватели на услуги.

Имено, на 04.05.2021 година, обвинетиот, без да спроведе постапка за јавна набавка, со умисла потпомогнат од осомничените хрватски државјани, недостапни на органите на прогон, склучил договор за консултантски услуги со правно лице на износ од 795.000 евра без ДДВ во денарска противвредност.

Ова правно лице, во кое еден од осомничените хрватски државјани е соосновач и управител, било основано дваесет дена пред склучувањето на Договорот.

По склучениот договор, правното лице склучило Договор за консултантски услуги за постапка на процена на вредноста, како и длабинско снимање на АД Пошта на Северна Македонија Скопје со вториот осомничен хрватски државјанин, за износ од 130.000 евра во денарска противвредност.

Во критичниот период, во повеќе наврати од сметката на Владата се исплаќани парични средства на сметката на правното лице, со што за правното лице е прибавена значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 57.932.100 денари, што го претставува износот согласно договорот зголемен за 18% ДДВ, а за кој износ е оштетен Буџетот на Македонија.

Вториот – Договор за консултантски услуги е за поддршка во процесот на потенцијална приватизација на Железници на РСМ Транспорт АД Скопје и бил склучен наредниот месец, односно на 23.06.2021 година, со друго правно лице како давател на услуги (консултант).

Договорот бил со вкупна вредност во износ од 772.400 евра во денарска противвредност без пресметан ДДВ.

На сметка на ова правно лице Владата на РСМ врз основа на издадена фактура првично исплатила аванс од 11.284.162 денари за одржување на почетен состанок со правното лице, односно за официјално започнување на проектот, а потоа врз основа на уште четири фактури биле исплатени буџетски средства во износ од 26.247.138 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Македонија.

Со опишаните дејствија обвинетиот прибавил противправна имотна корист од значителна вредност за двете правни лица во вкупен износ од 89.385.255 денари, за колку и го оштетил Буџетот на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проширена истрагата против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири

Поради здравствени причини, Мухамед Зеќири оди во куќен притвор

За што му се суди на Рашковски?

Според обвинителниот акт, Рашковски е обвинет за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил генералниот секретар на Владата, Рашковски кој е во фокусот на јавноста за набавката на радарскиот систем

Рашковски, се вели во Обвинителниот акт, не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на работи – метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Во една од постапките за јавна набавка, со умисла во сторувањето на кривичното дело му помогнал и четвротообвинетиот, сопственик и управител на економски оператор.

Рашковски, јавните набавки ги спровел спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени во согласност со прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства, дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка во консултации со подизведувач и со учесници во постапката, во текот на постапката за јавната набавка, комуникацијата не ја вршеле со користење на електронски средства преку ЕСЈН, туку лично, дефинирал технички спецификации што упатуваат на конкретен патент, не извршил имплементирање и обуки на она за што биле склучени договорите за јавни набавки, ​со што за четирите економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и им овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 17.474.137 денари.

Воедно, Рашковски, како службено лице, го искористил службеното овластување – да склучува авторски договори со физички лица, иако знаел дека шесто и седмообвинетите воопшто не ги извршувале своите работни задачи согласно склучените договори, сепак им исплаќал месечни хонорари.

Второобвинетиот и шесто и седмообвинетите во истиот предмед, според Обвинителството договорот што го имале со Рашковски-првообвинетиот, за поделба на паричните средства подигнувале дел од исплатените средства во готовина со цел да му ги предадат на Рашковски.

Со овие дејствија е нанесена штета на Буџетот на Македонија во вкупен износ од 1.320.000 денари.

Во временскиот период од 05.06.2017 година до 05.05.2021 година, во Скопје, првообвинетиот, пуштил во оптек пари во вкупен износ од 5.378.319 денари, за кои знаел дека потекнуваат од кривично дело, па со намера да го прикрие потеклото на паричните средства во повеќе наврати, откако ќе ги добиел парите од кривичното дело, ги пуштал во промет вршејќи готовинска уплата на сопствените сметки и банкарски картички и на сметките на членовите на своето семејство, а исто така предвремено ги исплатил претходно земените кредити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Немаше владина одлука за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци, сведочеше Зеќири на денешното рочиште против Рашковски

Судење за „Софтвери“: Вештак сведочеше дека софтверот што Рашковски го набавил за МВР не функционирал

ВМРО-ДПМНЕ: Зеќири и Рашковски обвинети, премиерите чисти

Нејасно е како поранешниот секретар на Владата Зеќири може да биде обвинет за штета на Буџетот од 1,5 милион евра, неговиот претходник Рашковски да биде обвинет за перење пари и незаконски набавки, а премиерите да бидат чисти, стои во реакцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако Зеќири доби обвинение.

„Обвинението за поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири покажува две работи, едната е дека владите на СДСМ се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот“, посочија од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, постојат основани сомненија дека обвиненијата за кои се товарат двајцата биле иницирани и спроведувани од нивниот претпоставен или претпоставени.

„Ете затоа народот има недоверба кон правосудството од 92 отсто. Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ: Законот за медиуми е спротивен на ЕУ директивите и не гарантира слобода на реемитување на ТВ каналите

Редакција

Поскапува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Редакција

16-годишна девојка починала од Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести

Редакција