еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 се заробени во рудник за јаглен во Турција по експлозија на трансформатор

Најмалку 28 рудари загинаа, а околу 50 останаа заробени под земја по денешната експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин во северна Турција, јавува Анадолија.

Експлозијата се случила на 300 метри под земја во рудник за јаглен во крајбрежната провинција Бартин на Црното Море во 18:15 часот по локално време.

Турската управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека експлозијата во рудникот во населбата Амасра била предизвикана од трансформатор.

Министрите за внатрешни работи и за енергетика и природни ресурси на Турција, Сулејман Сојлу и Фатих Донмез ќе отпатуваат во Амасру по инструкции на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

МИА/Видео/фото: Son Dakika

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најуспешните туристички агенции во Македонија

Редакција

119 години од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Редакција

Маж од радовишко уапсен поради подметнување пожар

Редакција