еМагазин
Бизнис

Пад на просечната плата за 300 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018, изнесува 24.203 денари, што е намалување во однос на претходниот месец кога просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесуваше 24.509 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година е зголемена за 6.1 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (20.4%), Информации и комуникации (16.7%) и Преработувачка индустрија (14.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.0%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.3%) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.0%).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на СОЗР на Владата за набавка на гориво вреден 12,9 милиони денари

Редакција

Намалена добивката на „Оилко“

Редакција

Македонска радиодифузија распиша тендер за набавка на две теренски возила

Редакција