еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарија ќе го стави на располагање својот гасовод на Македонија

Операторите на македонскиот и бугарскиот гасовод ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да склучат договор за меѓусистемско поврзување меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Софија.

Според информациите објавени на веб-страницата на бугарската државна компанија Булгаргазтрансгаз, точката за интерконекција ќе биде Ќустендил/Жидилово.

Двата јавни оператора ги повикуваат корисниците на мрежата да се произнесат по предложениот текст во однос на правилата за распределба на количините на гас и одредбите кои се однесуваат на корисниците на мрежата.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД ќе ги претстават пред јавноста правилата и процедурите за снабдување и дистрибуција на количествата гас, како и други релевантни одредби кои се однесуваат на корисниците на мрежата. Консултациите ќе продолжат до 27.10.2022 година и имаат за цел да се соберат мислењата на сите потенцијални корисници на мрежата во врска со преносот на природен гас преку ИТ Ќустендил/Жидилово.

ГА-МА АД и Булгартрансгаз ЕАД имаат намера да понудат преносни услуги на корисниците на мрежата за снабдување со природен гас од Бугарија во Македонија и комерцијалн пренос од Македонија во Бугарија.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продаден блок акции од НЛБ Банка за 292.000 евра

Редакција

За празникот сончево и топло, за викендот повремено дожд

Редакција

Филипче: Засега само „Фајзер“ имаат дадено препорака за трета доза на вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти

Редакција