еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен смета дека ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани.

-На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од С Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени.

Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одговорни за придонес кон тоа земјата да се движи напред.

Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече Фон дер Лајен, одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како беше пречекана Фон дер Лајен

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО започна поморска вежба во Балтичкото море, на која ќе учествуваат и Шведска и Финска

Редакција

Заев носител на листа во четворката, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат

Редакција

Скандал: Макрон и поранешна еврокомесарка тајно му помагале на Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата

Редакција