еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров

На 78-годишна возраст вчера во Виена ненадејно почина познатиот економист и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Глигоров е роден во Белград каде ги завршил основните и магистерските студии, а докторирал во 1977 година на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк.

Работел на Универзитетот во Белград, на Институтот за економски науки, а од 1994 година беше вработен на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се занимавал со Западен Балкан, особено со Македонија, Србија и Црна Гора.

Во своите истражувања особено се занимаваше со долгорочниот раст на земјите во транзиција, макроекономските анализи и финансиските пазари.

Глигоров беше постојан соработник на „Oксфорд аналитика“, меѓународна консултантска фирма која обезбедува стратешка анализа на светските настани, пишуваше за „Wall Street Journal“ и имаше редовни колумни во неколку дневни весници и неделници во Југоисточна Европа. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Редакција

Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Редакција

(Фото) Сиљановска Давкова прва, Пендаровски втор, Османи трет: Официјални податоци на ДИК

Редакција