еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември, тестирање за дизел по добивање на соодветните дозволи

АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022, информираат од компанијата.

Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1.345 евра за 1.000 кубни метри.

„АД ЕСМ и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност од континуираното намалување на цената на гасот на пазарот.

Како што и претходно информиравме, топланите ќе продолжат да работат на природен гас во текот на грејната сезона како основен и најеколошки енергенс за нивно функционирање.

Во меѓувреме, системот технички се подготвува за тестирање за користење на алтернативно гориво дизел, како резервно решение за во случаи во кои поради геополитички случувања во Европа гасот би станал недостапен на пазарот или би достигнал екстремно високи цени.

Тестирањето ќе се врши по обезбедување на сите соодветни дозволи од надлежните институции и почитување на приписите за постапката,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 518 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Работник од Кочани се повредил и починал во фабрика во скопска Гази Баба

Редакција

(Фото) Распишана меѓународна потерница за Љупчо Палевски, осомничен за убиството на Вања и Панче

Редакција