„КАМ маркет“ е прв избор на потрошувачите шеста година во низа, покажа истражувањето „Преферирани ланци на маркети и најпознати брендови 2022” на агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“, спроведено на територијата на целата држава, информираат од компанијата.
Според ова истражување, 68% од анкетираните потрошувачи се изјасниле дека пазарат токму во КАМ.
Освен во главната категорија, „префериран маркет на потрошувачите“, КАМ се најде на врвот во уште три категории – „рангирање на маркетите според процентот на лојални потрошувачи“, „најдобар сооднос меѓу цената и квалитетот“, „најдобра локациска покриеност“.
Истражувањето за преферирани ланци на маркети на „Инсајдер ИД“ се реализира шеста година. Во сите изминати 6 години, „КАМ маркет“ е на врвот на листата.
– Секојдневно работиме во насока да го оправдаме ова признание и да останеме прв избор на потрошувачите, за кои обезбедуваме производи со висок квалитет по ниски цени. Им благодариме за лојалноста!, велат од „КАМ“.