Украинецот Олександар Онишченко во интервју за „Слободен печат“ вели дека за македонското државјанство чекал две години и дека го добил на легален начин, а во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник, кој од него побарал да биде спонзор и член на македонската репрезентација.
Пред да добие документи од земјава тврди дека добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а има и сопствена компанија во земјата.
За обвинувањата во странските и македонските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ, ниту се води судски спор, а на црната листа на САД се нашол, бидејќи бил пријател на Доналд Трамп и изјавил дека синот на Џо Бајден е корумпиран.
Онишченко во интервјуто вели и дека во Македонија има своја компанија, а во наредниот период планира нови инвестиции во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Онишченко кој доби македонско државјанство пријавен на адреса во Пржино, никој никогаш не го видел
Фото: Призма/Инстаграм