еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Поради обилните дождови, предупредување од ЦУК дека постои опасност од брзо зголемување на водостоите на реките и суводолиците

Започнувајќи од попладневните часови се очекуваат врнежи од дожд на целата територија на земјата, кои посебно ќе се интензивираат во текот на вечерните часови и за време на ноќта. Поради тоа што постојат изгледи и веројатност локално врнежите да бидат интензивни и поројни, Центарот за управување со кризи (ЦУК) предупредува на можност од брзо зголемување на водостоите на помалите реки и суводолиците со можност за нивни локални излевања, а исто така можни се и локални проблеми во дел од градските урбани средини.

За време на ноќта и утре изутрина се очекува зголемување на водостојот на сите реки низ земјава, а посебно на оние во југоисточните и источните делови, како и во крајните западни делови.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците низ земјава во текот на вечерните часови, претстојната ноќ, како и за време на утрешниот ден, истакнуваат од ЦУК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Британската Влада забрани тужби за несакани ефекти од вакцината против Ковид-19

Редакција

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги купува два автомобили за 34.000 евра

Редакција

Најпродаваниот модел на „Грин Машинс“ на Брако продолжува да биде атрактивен за Саудиска Арабија

Редакција