еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Војната во Украина покажа дека Европа не е доволно силна за сама да и се спротистави на Русија, оцени финската премиерка Марин

Финската премиерка, Сана Марин, при посетата на Австралија, изјави дека Европа „не е доволно силна, сама да и се спротивстави на Москва“, и дека, клучната улога ја одиграле САД, со оружје, финансиска и хуманитарна помош.

Според нејзе, „руската инвазија на Украина ги открила слабостите и стратешките грешки на Европа во однос на Москва.“

„Морам да бидам многу искрена со вас, Европа не е доволно силна во моментов, ќе бевме во неволја без САД. На Украина мора да и се помогне со сите средства,“ изјави Марин и оцени дека, во обид да се спрече војната, пристапот на Европа да купува енергија и да гради стратегија со Русија, се покажал како „целосно погрешен“.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска завршува кампањата за претседателските и парламентарните избори, утре молк, во среда гласање

Редакција

„Можда Европа е секси ама Америка има поголеми цицки“: Твитер реакции за изјавата на Заев, дека Европа е најсексипилна дама во светот

Редакција

Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид

Редакција