Министерство за здравство подготвува предлог на закон за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Предлог законот за изменување и дополнување на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се предлага со цел да се доуредат надлежностите на правните лица во делот на одгледување на канабис за медицински цели и екстракцијата на маслото од сувото растение канабис и да се доуредат надлежностите на институциите одговорни во спроведување на одредбите од законот и доусогласување со новите Европски регулативи.
Целта на измените е да се овозможи сувата маса на растението канабис произведена во Република Македонија да се извезува надвор од државата и да се регулираат трошоците околу постапката за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.