еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Финансиерот на бугарските клубови, Врабевски најави отварање на уште 20, оти ни биле „испрани мозоците“

Милен Врабевски, главниот финансиер на приватните бугарски клубови во Македонија за Бугарската национална телевизија (БНТ) најави дека ќе се отворат уште 20 бугарски клубови во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

(Фото) Финансиерот на бугарските клубови дели пакети со храна со слика на Цар Борис Трети

„За бугарските клубови во С Македонија, ме прашувате која е опцијата за решавање на проблемот со насилството. Многу е едноставно, уште 20 клуба и постепено вистината ќе се разбере, а евроинтеграциите значат пред се вистина. Таа ќе ве ослободи“, изјави тој.

Врабевски зборуваше и за „југословенски модел”, кој го посочи како „најлошиот модел на светот“, а според него, на луѓето во Македонија „им се испрани мозоците“, а територијата е „украдена од Бугарија“.

„Една територија украдена со многу крв и престапи, отцепена од Бугарија и асимилирана на еден многу грозен начин. Југословенскиот модел, нема погаден модел на светот. Практично, тој модел се уште е на власт и им ги пере мозоците на луѓето“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропаганда со деца: Бугарска фондација престави ученици од Битола како истомисленици на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“

Фото: Фејсбук/Врабевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мрчаторите“ од Фејсбук не дојдоа на отворениот ден во Цементарница Усје, да видат дека фабриката не може да работи без филтрите

Редакција

Сиљановска Давкова го отвори прашањето за доброволно служење воен рок

Редакција

Кој ќе го лапне тендерот на Министерството за здравство за набавка на гориво?

Редакција