еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Зарко Милошевски е новиот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Тој доаѓа на местото на Виктор Димовски, кој треба да стане амбасадор во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот амбасадор во Франција

Кој е Милошевски

Според информации кои ги сподели Владата, која го назначи, Милошевски на позицијата директор доаѓа од позиција на помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ, каде претходно имал повеќегодишно искувство во раководење, организирање и координирање на Одделот, но и во организирање и раководење со ресурсите на организационата единица за заштита на уставното уредување и спротивставување на тероризмот.

Кариерата во безбедносните служби ја започнал во 1997 година.

„Милошевски е посветен, доверлив и долгогодишен професионалец, кој својата кариера во безбедносните служби ја започнува во 1997 година во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) при МВР, а неговата експертиза оттогаш до денес, кога е во Агенцијата за национална безбедност е во полето на спротивставувањето на насилен екстремизам, заштитата на уставното уредување, како и во полето на спротивставувањето со тероризмот,“ наведоа од прес-службата на Владата.

Милошевски, додаваат од таму, своето професионално доусовршување го спроведувал од 1999 година до денес преку учество на повеќе домашни обуки организирани и имплементирани од страна на Единицата за специјални задачи при МВР и Бирото за јавна безбедност при МВР, како и на повеќе обуки во странство организирани и имплементирани од страна на Стејт департментот на САД, Министерството за правда на САД, Министерството за одбрана на САД, Федералното биро за истраги на САД, Дипломатската безбедносна служба на САД, како и Канадската безбедносна и разузнавачка служба.

Фокус пак објави дека Милошевски важи за близок до генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, поранешен директор на УБК, која во 2019 година се трансформираше во АНБ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Стотици учесници на фестивал во Велика Британија ја играа „Македонско девојче“

Редакција

БиоНТек убедува дека вакцината ќе биде ефикасна и против новата варијанта на коронавирусот

Редакција

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

Редакција